Одборот на Факултетот за претприемачки бизнис го сочинуваат добро познати и истакнати професионалци. Претседател на Одборот е м-р Бети Деловска. Одборот е формиран со цел Факултетот поуспешно да се поврзе со бизнис секторот. Членовите на Одборот со нивното долгогодишно искуство и експертиза придонесуваат за успешна промоција на Факултетот во јавноста, а воедно и несебично го споделуваат своето знаење во форма на практични предавања за студентите. Исто така, тие се целосно ангажирани и посветени да осигураат дека наставните и предметните програми на Факултетот се релевантни и директно соодветствуваат со практиката. На Седниците, членовите на Одборот даваат предлози, идеи и водат дискусија за новите трендови во бизнис светот и потребите за унапредување на методите и техниките на управување со деловните активности и промоција на менаџментот и претприемаштвото.