На 28.09.2016, Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје беше учесник на 6-тата меѓународна конференција SEET 2016 – South East Europe Tourism, која се оддржа во Сава Центар во Белград.
Преку 300 делегати од целиот свет, претставници од академија, бизнис, политика, туризам и медиуми ги следеа 4-те панели на конференцијата на теми:
1. Туристичкиот пазар на Југоисточна Европа,
2. Туризмот како индустриско искуство,
3. Иновативност на хотелско – угостителската понуда во регионот и
4. Конкурентност на велнес, спа и медицински туризам во регионот.
Преку излагањето на проф. Д-р. Сашо Кожухаров, проректор за наука и декан на Економскиот факултет на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, УТМС го отвори третиот панел со впечатливо излагање на тема која ја потенцира важноста на образованието во развојот на туризмот, претставувајќи ги при тоа методологијата, програмата и активностите на УТМС во таа насока како соодветен пример. Презентацијата на проф. д-р Кожухаров, како и срдечната покана која тој ја упати до публиката за престојната научна конференција на УТМС – Icon best 2016 која третира сродна тема - „Глобабални туристички предизвици“, публиката ја прими со воодушевување, аплауз и низа на прашања кои беа упатени за време на работните паузи.
На овој настан, организаторското тело го награди УТМС со престижната награда Brand Leader Award 2016, за низа достигнувања во областа на глобалниот туризам и развојот на високо квалификувани кадри.
Оваа награда го потврдува високиот меѓународниот статус на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје.