На УТМС започна новата академска 2017/2018 година со свечен академски час во амфитеатарот на Универзитетот. Проректорот за настава на Универзитетот за туризам и менаџмент, проф. д-р Мијалче Ѓоргиевски им посака топло добредојде на новата генерација студенти на Универзитетот и ги запозна студентите со методологијата на работа, условите за студирање, можностите за практична работа, меѓународна размена на студентите и препознатливост на дипломата во странство. Проректорот за настава им ги нагласи клучните задолженија и обврски на студентите и им ги претстави деканите на Факултетите, кои ги доделија индексите на студентите во прва година. Деканот на Факултетот за претприемачки бизнис, доц. д-р Наташа Ристовска, ги додели индексите на новозапишаните студенти на Факултетот и им посака успешна година.