ФАКУЛТЕТОТ ЗА ПРЕТПРИЕМАЧКИ БИЗНИС ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО СКОПЈЕ УЧЕСНИК НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

    На 14.11.2016 година во Младински културен центар во Скопје се одржа конференција на тема „Женско лидерство, личен развој и етика“, прва од серијата на планирани настани кои имаат за цел промовирање на претприемништвото, креативноста и иновативноста. Конференцијата беше организирана од Европската бизнис асоцијација во соработка со Madi Group, CoSeed и Асоцијацијата на жени менаџери “ЕЛИТ” од Скопје.

    На конференција почесно обраќање имаше г-ѓа Мади Шарма, еден од најголемите светски говорници и промотори на претприемништвото и родовата еднаквост. Активно учество на конференцијата имаше деканот на Факултетот за претприемачки бизнис од Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје, доц. д-р Наташа Ристовска, која во своето излагање ја потенцираше потребата од инкорпорирање на претприемништвото во образованието во функција на обезбедување на претпримачки компетенции кај идните бизнис лидери.

    На овој настан покрај претставници од бизнис заедницата и државните институции, присуствуваше и тим од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, во состав: проф. д-р Виолета Миленковска, доц. д-р Наташа Ристовска, доц. д-р Благица Новковска и асс. м-р Јулијана Петровска.

    Идејата на проектот е на европско ниво да се даде поттик на претприемништвото како начин за подобрување на локалниот економски развој.

    На конференцијата претприемачите беа информирани за алтернативните форми на поддршка за професионален развој што можат да ја добијат преку националните и локалните програми како и преку програмите на ЕУ.

    Поврзете се со нас

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај