Официјално започна новата академска 2016/2017 година на УТМС со свечен академски час кој го одржа Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент, проф. д-р Аце Миленковски. Веднаш потоа, проректорот за настава, проф. д-р Мијалче Ѓоргиевски, детално ги запозна студентите со методологијата на работа на Универзитетот која овозможува континуирано надополнување на нивните знаења и компетенции. Проректорот за настава им ги нагласи клучните задолженија и обврски на студентите и им ги претстави деканите на Факултетите кои ги доделија индексите на студентите во прва година. Деканот на Факултетот за претприемачки бизнис, доц. д-р Наташа Ристовска, ги додели индексите на новозапишаните студенти на Факултетот и им посака успешна година.