СЕДНИЦА НА ОДБОРОТ ЗА СОРАБОТКА И ДОВЕРБА СО ЈАВНОСТА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ПРЕТПРИЕМАЧКИ БИЗНИС

    Одборот за соработка и доверба со јавноста на Факултетот за претприемачки бизнис на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје на 06.04.2016 година одржа редовна седница. Седницата ја раководеше претседателот на одборот, м-р Бети Деловска.

    На дневен ред беа разгледувани предлози од членовите на одборот за елементи кои треба да се вклучат во изработката на новите каталози на Универзитетот, при што беше утврдено и целосно учество на членовите на одборот во сите активности предвидени по повод одбележувањето на десетгодишнината на Универзитетот. Членовите дадоа предлози за ажурирање на студиската програма на Факултетот со дополнување на нови предмети односно вклучување на предметите Социјалното претприемаштво и Контрола.

    Сите членови на Соведовниот одбор активно беа активно вклучени во дискусијата со свои предлози и мислења за унапредување на работењето на Факултетот и збогатување на промотивната кампања за уписите за следната академска година како и меѓусебна соработка за релизацијата на задолжителната студентска пракса во организациите и институциите во кои работат и заедничко вклучување во меѓународни проекти.

    Поврзете се со нас

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај