На УТМС започна новата академска 2018-2019 година со свечен академски час во амфитеатарот на универзитетот. Проректорот за настава на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, проф. д-р Мијалче Ѓоргиевски им посака топло добре дојде на новата генерација студенти.
Деканите на соодветните факултети ги запознаа студентите со методологијата на работа, условите за студирање, можностите за практична работа, меѓународна размена на студентите и препознатливоста на дипломата во странство.
Деканот на Факултетот за претприемачки бизнис, проф. д-р Наташа Ристовска, им ги нагласи клучните задолженија и обврски на новозапишаните студенти во прва година, им ги додели упатствата за користење на индексите и им посака успешна академска година.