На 18.12.2018 година во хотелот „Александар Палас” се одржа манифестацијата за избор на Претприемач на годината 2018. Главни организатори на настанот беа Сојузот на стопански комори на Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија и Стопанската комора на Северо-западна Македонија, А ко-организатор беше Националниот центар за развој на иновациите и претприемачкото учење, додека институционален покровител на манифестацијата беше Министерството за економија на Република Македонија.
На настанот присуствуваа претставници од УТМС, проф. д-р Наташа Ристовска, декан на Факултетот за претприемачки бизнис и асс. м-р Гордана Серафимовиќ, асистент на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси.
Факултетот за претприемачки бизнис се стреми кон создавање на идни претприемачки менаџери и притоа ја поддржува идејата на организаторите за доделувањто на престижната награда „Претприемач на годината“ во насока на поттикнување на претприемачите и промоција на успешните приказни.
Оваа година втора награда за претприемач на годината во категоријата на мали претпријатија му беше доделена на г-дин Филип Ристевски од ,,Пикселˮ, Скопје, прва награда за претприемач на годината во категоријата на мали претпријатија му беше доделена на г-дин Ваљон Купа од ,,Евита Гроупˮ, Дебар, додека втора награда за претприемач на годината во категоријата на микро претпријатија му беше доделена на г-дин Александар Билјаноски од ,,Мое студио Дадарˮ, Скопје, а прва награда за претприемач на годината во категоријата на микро претпријатија му беше доделена на г-дин Сашко Андонов од ,,Течко Нетˮ, Кочани.