На 19.12.2017 година во хотелот „Александар Палас” се одржа 11-то издание на манифестацијата за избор на Претприемач на годината, во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Стопанската комора на Северо-западна Македонија (СКСЗМ), Националниот центар за развој на иновациите и претприемачкото учење. Институционален покровител на манифестацијата беше Министерството за економија на Р. Македонија.
На настанот присуствуваа претставници од УТМС, проф. д-р Наташа Ристовска, декан на Факултетот за претприемачки бизнис, асс. м-р Мери Ничкова, асистент на Факултетот за претприемачки бизнис со студенти од универзитетот.
Факултетот за претприемачки бизнис се стреми кон создавање на креативни и иновативни професионалци, идни претприемачки лидери и притоа ја поддржува идејата на организаторите за доделувањто на престижната награда „Претприемач на годината“ во насока на поттикнување претприемачкиот дух во земјата, преку промоција на успешни примери.
Оваа година прва награда за претприемач на годината во категоријата на мали претпријатија му беше доделена на г-дин Абдул Шабани „Линк Шпедˮ од Тетово, a прва награда за претприемач на годината во категоријата на микро претпријатија му беше доделена на г-дин Жарко Димитриоски „Еден на еденˮ.
https://fpb.utms.edu.mk/vesti/378-2017-3#sigProId7e66d0e255