На 24.02.2021 година се одржа редовна седница на Одборот за соработка и доверба со јавноста на Факултетот за претприемачки бизнис во рамките на УТМС.
Седницата ја водеше г-дин Јован Грков, претседател на Одборот. Членовите дискутираа за предлог активностите во годишната програма за работа на Одборот, при што беше потенциран интересот за нивно активно вклучување во промотивните активности, а во насока на унапредување на соработката на УТМС со бизнис заедницата.