Согласно Годишната програма за работа, студентите од УТМС, беа во посета на „Халк банка” во Скопје.
Во новите простории на Бизнис центарот на „Халк банка”, предавањето пред студентите го одржа директорот на човечки ресурси, Кристина Спироска, која ја претстави организациската структура, развојот и проширувањето на активностите на банката, со посебен осврт на темата: „Дигитално банкарство”, во кое, како што беше истакнато во предавањето, најголеми достигнувања остварува „Халк банка”.
Студентите на УТМС се запознаа и со маркетинг активностите на „Халк банка” во непосредна комуникација со Тина Петкоска и Маја Наумовска од Секторот за маркетинг.
Ваквите предвања им овозможуваат на студентите да ги подобрат своите применливи знаења со кои ја проектираат идната конкурентската позиционираност на пазарот на трудот.
https://fpb.utms.edu.mk/vesti/676-studentite-od-utms-vo-poseta-na-halk-banka#sigProIdce7cf1876f